4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Да знаете само колкумина ќе го носеа тој венец со задоволство!“ реков по малку вознемирен од острите засеци во моите размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Се разбира, можеби постојат исклучоци” додадов „но тоа се мали недоразбирања и хулигански пројави на неодмерени поединци, а тие поединци барем засега и не би требало да се сместуваат во оваа фела.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ме прегрнуваш со твоето студенило, Со остриот засек на очите, Белоглава змијо Легната на челото на светот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Иако работеше во Електростопанството во Градско, Стерјо остана да живее со мајката и сестрите во селото Крушица, сместено во остриот засек на планината Бабуна, низ кој во сите годишни времиња течеше распенета снеговница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)