остар (прид.) - глас (имн.)

А Јошето одговараше со остер глас: — Нека ораат чорбаџиите, нека јадат чорбаџиите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ах анани... ана! — се слушна остар глас и вратата се затвори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и Јован веќе слушнаа под нив остар глас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Отвори, бре ќерата, — се слушна остриот глас на Адема. — Јас сум бегот, кој ќе тропат друг!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По половина час пешачење наместо ги вкопа остар глас на стража.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Старичката го прекина со остар глас: - Тргни ја таа валкана рака и не смеј да погледнеш на веленцето!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговиот остар глас и строгите барања до најмала ситница да бидат извршувани неговите наредби, па и острите казни, лесно и брзо ги забораваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко со необично остар глас го праша Камилски: Дали ја прочита книгава?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ним им се придружи смешно плачење на вљубен пес - скитник и нечиј остар глас со густи, крти слогови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној имаше еден остар глас и тој го сеќаваше него како некое болно, но неминовно стружење со грубата острина по некоја негова рана, која што не би можела ни да зарасте, пред да биде истругана така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше уште еден едвај чуен остар глас, кој можеше да биде и волчо цвичење, но кој не беше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Видов како со презир гледа во листот хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од едно од тие сонувања ме разбуди остриот глас на мајка ми, која предвреме се беше вратила од татковата продавница: „Кое е ова глупаво лице?!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)