останат (прид.) - жив (прид.)

И тука паднаа доста Турци од востаниците на Мате Никола и Димитрија Стале, но тие беа совладани; двајцата водачи со останатите живи селани побегнаа од селото, кое беше до темел изгорено и разурнато.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така правоверните го задушија востанието во Мариово и му ги испратија водачите на бунтот на прилепскиот кадија и на скопскиот беглер-бег да се расправаат со нив понатаму, а Аџи Јане и Аџи Рампо почнаа да бегуваат над останатите живи мажи, жени, деца и старци под новите имиња: Јануз-бег и Рифат-бег од Мариово. XVI дел ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши, за раце и за нозе, водени од по тројца сејмени и пазени од по десет наемни царски војници со исукани јатагани и остри маздраци, а напред јаваа двајца бегови и еден забит на три црни коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беа останати живи некогашните реквизити на Титовото време и владеење - неговиот мавзолеј во Куќата на цвеќето во Југославија, резиденциите ширум Југославија, бродот Галеб, симболот на Титовите мисии во светот на неврзаните во времето на студените зими - во Индија, во Бурма, во Индонезија, во Етиопија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Биле прочитани убиените гемиџии и останатите живи, на кои им се судело: Георги Петре Богданов, од Велес, комисионер, на 24 години.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)