Таквите расправи и онака веќе отишле предалеку; станале толку специјализирани и софистицирани; во секој случај, ја надминуваат тука зададенава тема.227 Тука кампот завреднува истражување во онаа мера што ни овозможува да ги утврдиме и разбереме особените одлики на машкиот геј-дискурс, неговата својствена прагматика.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И токму како и секое зафаќање со поетиката, една студија за машката геј-културна поетика мора да се сконцентрира на дефинирање и на артикулирање на формите како ствари самите по себе.
    Ако, и покрај сѐ, и понатаму постои ризик ова разгледување на поетиката на машката геј-култура да излезе есенцијалистичко, готов сум да го прифатам тој ризик – не само затоа што, откако голем дел од кариерата ми поминал во оспорување на есенцијалистичките пристапи кон лезбејската и кон машката геј-историја,161 сметам дека антиесенцијалистичкото досие ми е беспрекорно чисто туку и затоа што сметам дека ако таквиот ризик ме одврати од истражување на машката геј-култура, тоа ќе значи откажување од секаква надеж дека може да се утврдат нејзините особени одлики и да се определи нејзиниот својствен гениј.
 
    Да започнеме со една забелешка што пред четириесет години ја изнесе антропологинката Естер Њутн.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)