Современото толкување на митот не ги познава категориите зло и добро, тие и во овој роман на особен начин се преиспитуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го сакав на еден особен начин, но, повторувам, таа љубов мене само ќе ми го уништеше животот, оти Јан Лудвик беше многу комплициран и конфликтен тип на човек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луција се појави точно пред полноќ. Беше облечена во црвено здолниште со бели цветови и лесна кошула; косата ѝ беше собрана во опашка и очите ѝ сјаеа на еден особен начин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Каноните со ваков штос неформално ги означуваат како раковски или канцер- канони, поради особениот начин на кој се движи таа животинка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зашто ќе се занимавам со етосот на еден жанр – со особениот начин на кој еден жанр те тера да се чувствуваш – а со тоа и ќе се занимавам со содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Честопати, машката хомосексуалност побудува особени начини на поврзување со поширокото општество – облици на културен отпор што е посебен – па затоа и има добра причина машката геј- култура да се обработува како посебна тема.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму затоа што целта на главнотековната геј-политика досега беше да се промовира добродушен став на прифатеност на сексуалните малцинства, претставени не како субјекти на особен начин на суштествување и чувствување, туку како припадници на генеричка идентитетски заснована група, геј-луѓето биле принудувани да си ја маскираат настраноста, да си ги зауздаат сензибилитетите и да си ги обезначат различностите од обичниот свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зафаќајќи се со овој еден пример, ќе се обидам да опишам како машката геј-култура создава и разработува свој особен начин на чувствување и единствен начин на поврзување со светот преку својата практика на презаземање делчиња од главнотековната култура и на нивно пресоздавање во носители на геј- или на настрано значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа во овој тематски парк на холокаустот се прави на еден особен начин, потсетувајќи на бившиот живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На почетокот, собата на Даниел носи траги од еден вообичаен детски живот исполент со училишни обврски и детски радости.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И Ангеле ја сврши таа работа на особен начин. Таков беше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мошне веројатно, тие не се “амблеми” за политичко-социјалната сложеност на одреден период, туку за една сосема специфична психолошка состојба на безизлезност, за особениот страв, поточно, за уметникот кој го открил фантастичниот карактер на делириумот на соништата (во надреалистичка смисла), при што на самиот Десидерио веројатно му било сосема сеедно кој против кого војува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако само се потсетиме на оние најголемите, па и на наполно споредните во нашиов извештај - Понтормо, Пармиџанино, Росо, Бекафјуми, Луцио Лузи, Шон, Греко, Тинторето, Камбиасо, Арчимболди - да останеме само на нив, јасно е: секој од нив на потполно единствен и особен начин е подреден на “маниристичкиот” закон.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)