особен (прид.) - знак (имн.)

По спроведувањето на таа процедура се добива редослед на знаци на ерменскиот систем на писмо, кој целосно е соодветен со грчката алфабетска низа и кој во себе не содржи само неколку знаци со типично грчки фонетски вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Натаму, со цел создавање на ново писмо, составувачот на ерменскиот алфабет го зема грчкиот систем на писмо и секој негов знак го доведува во корелација со особениот знак во новосоздаденото писмо, со кој се означува типична фонетска вредност на ерменскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Една од клучните архетипски фигури на поп митологијата, КАУБОЕЦОТ, носел токму такви пантолони.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)