особен (прид.) - впечаток (имн.)

Таа не се забележува, ако попатно се минува зашто, како и многу други села, не остава некој особен впечаток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во „Магот“ ми остави особен впечаток убаво отпечатената книга на јадењата и пијалоците, во која беше опишана историјата на кафеаната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од времето кога Бојс се приклучи на наставниот кадар на Дизелдорфската уметничка академија во 1961, неговите дела на хартија покажуваат забрзан интерес за претходниците на ДАДА (Свитерсовите колажи се чини дека му оставиле особен впечаток) и современите авангардни движења.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оваа експресионистичка претстава, рој од извртени линии повлечени со молив ја опкружуваат истоштената фигура на Христос, чијашто една рака безживотно паѓа, додека другата успева да направи малку пожив гест.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406 Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мора да го гледате спотот (го има на Јутјуб и на ди-ви-дито од Соник јут, „Корпоративен дух“ (Corporate Ghost): спотови, 1990 – 2002) од 2004 година).407 Во контекстот на печатена книга, најмногу што можам да сторам за да го доловам општиот вкус на спотот е ако ставам неколку стоп-кадри од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По читањето на некои книги, понекогаш ме обземаше мислата да му пишувам на некој од авторите чии книги ми направиле особен впечаток, но овој план ми остана неостварен: се задоволував секогаш во мојата глава да составам и да ги напуштам незавршените пораки при моите прошетки сама, на патеките во полето или гората.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)