османски (прид.) - наследство (имн.)

Според нив беше дојдено време да се види низ османското наследство, кое се покажуваше дека е тоа и балканско и дека во голема мера било жртвувано, особено во завршната фаза од агонијата на Османската Империја, се претвори, според тогаш западните освојувачки пропаганди во борба на цивилизацијата против варваризмот, на напредното против племенскиот примитивизам, на прогресот против ендемската заостанатост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ја застапуваше тезата дека исламското наследство на Балканот е легитимно и така би требало да се разбере.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие имаа неподелено мислење и за тоа дека Балканот бил вообличен од византиското и османското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)