османски (прид.) - збор (имн.)

На пат кон Цариград со семејството Татко запре во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така се договорија конечно да направат листа од сто османски збора со опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е, Камилски, ние треба да го проучиме опстанокот на полиглосијата во османското минато, како и опстанокот на османските зборови во денешните османски идиоми? предложи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така двајцата стари пријатели појдоа по жива потрага на старите османски зборови по еден вид нивна проверка во животот на коишто малку се сметаше како белези на едно исчезнато време...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, по обичај, не доцнеше, носејќи го неизоставно своето жолто куферче, преполно со книги, ракописи и белешки како своја мала прирачна библиотека, во која ги менуваше книгите според новиот збор што требаше да се третира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Старите османски зборови кои некако се пробиле низ ситото на балканските јазици, како да требаа да минат низ ново сито со постеснети отвори, низ некакво јазично чистилиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Крајната цел и на Татко и на Климент Камилски била, сепак, да ги ослободат јазиците од некогашните опасности напластени во конотацијата на османските зборови која беше застарена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски сметаше дека трагајќи по ослободувањето на османските зборови од тврдината, ќе ги ослободи и луѓето од затвореноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, за разлика од Камилски, го поврзуваа други асоцијации и идеи со тврдината, која ја имаше постојано пред своите очи кога беше на чардакот, најчесто со своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, загледан од чардакот кон тврдината, слушајќи го шумот на реката, ја замислуваше како последно одредиште на старите значења на старите османски зборови, неговата мисла се поврзуваше со тврдината, како траен симбол на сѐ што ги разделува луѓето, религијата, нацијата, државата, предрасудите, под лозунгот на обединувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)