Во право си кога велиш дека меѓу луѓето останале планини документи од долговечното османско време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дешифрирањето на документите од османската епоха, кое ѝ претходи на реформата на Мустафа Кемал Ататурк, останало до денешни дни во надлежност на интелектуални елити од редот на научници, истражувачи, теолози.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)