Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И само штом тој се наведна да ја пали печката, малиот пак беше ослободен и полека, со оној свој срнечки чекор, се добра до неговите раце.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)