Никој не можеше да се пофали дека го видел како навечер влегува в кафеана, арно ама затоа мнозина го гледаа како бега од преполните шеталишта и потонува во сенката на долгите, прави и осамени улици по горните квартови на градот и како се оддалечува од ѕидот и ги заобиколува круговите светлина што паѓаат од уличните светилки врз тротоарот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Обиди за колежи имало и следниот ден, на 7 мај, но завршиле со убивањето на 2-3 старци во некои осамени улици.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)