општествен (прид.) - цена (имн.)

Зашто жените, очигледно, не се толку сериозни како мажите, а средните сталежи не се толку достоинствени како елитата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа била трагедија за средните сталежи. ‌Но, оваа демократизација си имала и своја општествена цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата ги зела нивните општествени, финансиски и брачни преокупации како поаѓалиште за прикажување емоции што биле еднакво екстремни како оние од класичната трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата им дала на средните сталежи доживување на возвишена драма што можеле да си ја викаат своја, што можеле да ја сфатат на свој начин и на свој јазик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве го Џон Клам, да се послужам со пример што ми е најмногу при рака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Младите настрани, ни се вели, лесно се вклопувале во младинската култура; не сакале да ги етикетираат, не чувствувале потреба за посебен, особен општествен свет и не се идентификувале со геј-културата.426 И добро е тоа, би рекол, зашто општествената цена на инсистирањето на сопствената различност од нормалните луѓе е баснословна кога немаш избор, освен да се интегрираш во хетеросексуалното општество – зашто веќе не постојат битни геј-алтернативи на стрејт-светот, сега штом урбаните инфраструктури на геј-животот се во голема мера растурени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секогаш е тешко да се знае дали ваквите тврдења – кои веќе ни станале толку познати и кои настојуваат дека геј-културата е нешто застарено, дека е нешто од минатото, дека е нерелевантна за помладата генерација и дека е веќе ненужна во свет во кој лезбејките и геј-мажите, ете, можат да се венчаат или да се избираат за шефови на држави (барем така е на Исланд) – секогаш е тешко, велам, да се знае дали со ваквите тврдења се искажуваат факти или желби, дали се некаква сепнатост од откривањето неочекувани добри вести или, пак, се артикулации на некоја желба просто да ја снема геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)