Кога еден од американските војници во Ирак кои го уапсија Садам Хусеин се послужи со реплика од Тоска, истоимената јунакинка од операта на Џакомо Пучини, и рече E avanti a lui tremava tutta Baghdad (‘А пред него се тресеше сиот Багдад’), за него се мислеше дека ја прекршил политиката „Не прашувај, не кажувај“, според која на нехетеросексуалците им се забранува отворено да служат во војската на САД.393
Зошто?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)