општествен (прид.) - уредување (имн.)

Дека трите етапи на Хичкоковиот опус се преклопуваат со трите етапи на „општествено- потребното значење” на граѓанското општество се забележува во варијациите на темата „39 скалила”: - во првиот филм, „39 скалила”, јунакот е типичен „автономен индивидуум” и неговата авантура има значење на судир на индивидуумот на чија што страна е вистината, со расипаното, заслепено и т.н. општество: индивидуумот победува затоа што собира доволно сили и снаодливост да истрае на своето, наспроти мислењето на околината - дилема што преовладува во филмот, зашто тоа е типичната дилема на протестантската етика; - во „Саботер” јунакот е сосем „хетерономен” индивидуум; непосредно е преземена истата метода на судир на со вина обележаниот јунак со околината, но тежиштето е инакво: верниот на Институцијата индивидуум е виновен - не заради вината на Институцијата туку највеќе заради вината на елитистичко-индивидуалистичките непријатели на Институцијата - виновен е и целото негово дејствување е насочено кон повторното воспоставување на хармонијата со Институцијата, со владеачкото општествено уредување;
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми се гади од социјализам, комунизам, феудализам, капитализам, од секаков облик на општествено уредување, од неговата божемна систематичност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Демократијата се смета за општествено уредување, а епистемолошки потекнува од двата латински термина демос и кратеин, што во буквален превод би значело владеење на народот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)