општествен (прид.) - слој (имн.)

Затоа дијалектичкиот материјализам е единствена напредна филозофија на денешнината, додека сите варијации на идеализмот потем Хегел се само идеологија на општествените слоеви што пропаѓаат.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Така посматрана, „културата“ не е нешто што нужно се врзува за хуманистичките дисциплини, па според тоа менаџерот во банка и цариникот во подеднаква мера се културни луѓе (...) Во краен случај, културата претставува поседување на знаења во секоја смисла (...) Во демократските аспекти, ова дава аргумент за дифузија на културата меѓу пониските општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мнозинството на населението од сите возрасти и општествени слоеви го прифатија Стојан како власт, а рамнодушноста како начин на живот кој нема посериозна алтернатива.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неговата идеологија во почетокот ја прифатиле робовите и најниските општествени слоеви бидејќи тоа ја отфрлало приватната сопственост и го ширеле верувањето во еднаквоста меѓу сите луѓе.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Машката геј-култура по правило истовремено дејствува во два општествени регистра, заземајќи го гледиштето на погорните и на подолните општествени слоеви, на благородното и на долното, па се потпира врз иронијата што е во основата на кампот да држи и аристократски и егалитарни ставови во чувствителна, динамична рамнотежа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа хрватска интелигенција впрочем и не е никаков интелектуален фактор, туку прост општествен слој, опортунистичка малограѓанштина во најлоша смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Велам избори, бидејќи идентитетот за мене не е нешто што се има, нешто што се добива, како националниот идентитет, со раѓање, со просто опстојување во некоја средина, не е ниту припадност на некој општествен слој, слојот на интелектуалците, на пример, туку го содржи тој момент на слобода.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)