општествен (прид.) - различност (имн.)

И покрај тоа што произлегува од модел на општествена различност, политиката на идентитетот, инсистирајќи на идентитетот како општа – дури и универзална – општествена категорија, придонесува кон надминување на особените разлики, а со тоа и на проектот на асимилација кој е слеп за идентитетот.96
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да си го славиме особениот субјективитет, своите единствени задоволства и карактеристичната култура, за нивна сметка сме постигнале геј-гордост. ‌Кога, на пример, велам дека сум геј – кога се „идентификувам“ како геј или кога го обелоденувам својот геј-„идентитет“ – усвојувам идентитетски заснована стратегија, создадена од самата политика на идентитетот, за да се справам со општествената различност што мојата сексуална различност ја предизвикува во хетеронормативниот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)