Авангардните движења се обидоа да ги развијат автономните општествени организми кадешто оние својства, потреби и вредности на индивидуализмот коишто не можат да се опфатат со системот на формална држава би можеле слободно да се развијат и дефинираат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во конфликтот меѓу единката и институцијата, единката мора да се подреди, да се одрекне од својата лична самостојност и да го пронајде своето место во општествениот организам, кому му припаѓа и кој ја дава смислата на нејзиното постоење - најголемата вредност е онаа, кон која чувствуваме припадност (belonging).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа судбина, кратко и јасно, е следнава: “хрватскиот народ во сите големи искушенија на модерното време ... се однесувал како општествен организам со неделотворна средина, а со добро организирани екстреми”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Самите противречности како нормална состојба на општествениот организам се задушени со „јаката држава” и со Маргина 36 29 опојната (и отровна) амблематика на националниот химеричен копнеж.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)