општествен (прид.) - однос (имн.)

Да ги земеме како пример General Electric и „We bring good things to life“, Coca-Colla со „Coke is ist“, Nike - „Just do it“, или она брилијантно едноставно „Be“ на Calvin Klein.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие идеолошки кампањи ја делат стратегијата внатре во која одредени општествени односи се натурализирани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 59 Конкретните и опипливи докази за постоењето на колежи во бомбарди­ра­ните градови каде што мртвите тела биле запалувани или покопани сега се сведени како резултат на изминати војни, бидејќи крематориумите и термону­клеар­ната вапоризација ги избришаа сите пресметки за смртта и деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Примарната тактика овде е симплификација на сложените општествени односи и воспоставување на односот содржина- евакуација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Чистата војна“ во оваа смисла реферира на технолошката и психолошка подготвеност за војна којашто моментно ги обликува политичките и општествени односи, и која придонесува кон „епистемо-техничкиот“ начин на осознавање и бивствување-во-светот базиран врз технологијата на војна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Покрај тоа, бидејќи зборовите/ поимите автоматски ги носат со себе нивните опозити,- кои, делумно, делуваат како некој вид автоматски ограничувачи на значење - да го погледнеме парот „разговор/не-разговор“ Разговор: - општествен однос; зборување заедно, неофицијален или фамилијарен говор; вербална размена на идеи или информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што подразбирате под „разговор“? Речникот сугерира некои значења.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кампот служи за да се издишува претензијата, да се растура хиерархијата и да се запомни дека сите настрани се стигматизирани и дека никој не заслужува достоинство што е за сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Здивената мајка која, доведена од своето неблагодарно дете до една крајност на чувствувањето, „шекнува“ треба да ја драматизира – да ја мелодраматизира – преломната точка во секоја љубовна врска што, дотогаш, изгледала неизбежна, безусловна, неволева. ‌Мајчинската врска истовремено е и најневолевиот и најконвенционалниот од сите општествени односи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, ова сведочи за потребата од јавни, општествени постапки што не искажуваат емоција, туку ја заменуваат – кои ja претставуваат без стремеж да ja изразат – и кои ја пренесуваат емоцијата со склоп од генерички, усогласени симболи и замени, обезбедувајќи го на тој начин непреченото дејствување на конвенционалните општествени односи. ‌Во овој контекст, јазот меѓу чувството и изразот е трагичен, бидејќи е пројава на темелна егзистенцијална катастрофа – погубна, непоправлива, неизбежна празнина во човековото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто кампот, како што видовме, е инклузивен и демократичен, зошто имплицира свет на хоризонтални наместо на вертикални општествени односи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека ги изразува Пријамовите чувства, постапката е израз на крајната невозможност тој некогаш воопшто да ги изрази.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, таа ќе ни го загрози единствениот канал преку кој, всушност, можеме да комуницираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според оваа визија, хомосексуалноста може да доведе до умножување и ширење на нехиерархиските структури на соживот наместо вообичаените степенести општествени односи на родители и деца, шефови и работници, надредени и подредени.204 Тука може да почнеме да распознаваме низа логични и емоционални врски помеѓу извесен број појави што ги согледавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа славна и патетична постапка не ги преведува Пријамовите болка и гнев во јасна јавна форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што тврдоглавиот порив да го затвориме тој јаз нема да ни успее туку и ќе ни го дооштети општественото постоење бидејќи ќе ги дискредитира симболичките форми преку кои го претставуваме она што го чувствуваме и со кои си ги одржуваме меѓусебните општествени односи. ‌Настојчивоста целосно да се искаже она што го чувствуваме ќе исходува со бескрајно, бесцелно насилство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата најдобра варијанта, оваа етика се противи на секој облик на хиерархија што може да ти текне да го донесеш со себе.203 Поентите на Керон и на Ворнер за антихиерархиските, комунитарни склоности на машката геј-култура потсетуваат на гледиштата на раниот француски геј-либерационист Ги Окенгем, кој тврдеше дека машката хомосексуалност ја имплицира новата можност за „хоризонтални“ општествени односи, наместо „вертикалните“ што се промовираат од страна на хетеросексуалната репродукција и сродност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното. ‌Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливиот човеков порив да ја затвори, да најде начин буквално да се изрази она што навистина го чувствуваме, не е само предосуден туку е и разорен: им се заканува на симболичките посредства што ја држат целината на сиот општествен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека секоја слобода е општествен однос: колку повеќе имам слобода јас, толку помалку ја има другиот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слободата значи можност да се дејствува по сопствена волја или, ако сте способни за тоа, на сопствен начин, што значи дека некој друг треба да биде компромисен или да се предаде.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Насилството не се гледа во општествените односи, туку во сите односи*, и расте со геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Затоа, ќе биде корисно од самиот почеток да разграничиме три главни употреби на овој термин – општествената, културната и геополитичката (територијалната).2 Општествената граница е начин да се стави ред во општествените односи и да се означи членството во колективот и затоа е инструмент на општествена организација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)