И како тоа овој нов „сосема поинаков ден“, што многу мириса на хетеросексуално секојдневие, воопшто се разликува од претходниот ден?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нема да ни овозможи да оствариме понастран свет сообразен со нашите копнежи, желби и мечти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што јасно го покажува сведоштвото на Квин е дека крајот на дискриминацијата, исправањето на општествената неправда и срамнувањето на сето нерамно постапување со сексуалните малцинства – дури и да се случи – нема да биде исто со крајот на културната доминација на хетеросексуалноста, со исчезнувањето на хетеросексуалноста како склоп од културни норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зар сета цел на геј-политиката, на геј-културата, е да ги врати геј-луѓето во трлото на нормалниот средносталешки хетеросексуален семеен живот, со неговите задолжителни обреди и чинодејства – да ни овозможи да ги репродуцираме најлошите општествени обележја, најгрозните клишеа на хетеросексуалноста?
Понекогаш мислам дека хомосексуалноста се арчи на геј-луѓето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И додека на неговата скромност, повлеченост и срамежливост им нема крај кога станува збор за секаде присутните секојдневни општествени неправди, за најтривијалното газење на човечки права кое се случува под неговиот нос, кое што тој ниту го гледа ниту го слуша, и во врска со што главно ништо не му паѓа на ум - во негово присуство непречено можете да ги газите сите закони на правната држава и сите норми на човечност, можете да му дадете слобода на најперверзното самоволие, смеете да пљачкосувате и разорувате, дури смеете и да убивате, ништо од сето тоа нема да ги помрдне неговите крукчиња - истото тоа тромаво, тивко и незабележливо општествено суштественце молскавично оживува ако го мобилизирате за националната кауза или, уште подобро, ако го поставите на маса околу која се одлучува за судбината на цели народи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ова ли е величествената кулминација на век и половина политичка борба за геј-слобода и за геј-гордост?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)