општествен (прид.) - легитимен (имн.)

Значи, рамноправноста на гејовите, сама по себе, нема да им стави крај на хетеронормативноста и на нејзините последици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука е и димензијата на хетеронормативноста која Ворнер ја нарекува „репросексуалност – испреплетувањето на хетеросексуалноста, биолошката репродукција, културната репродукција и личниот идентитет“ во стил на живеење што создава „однос кон себството кое сопствените темпоралност и исполнетост ги гледа во поколениското пренесување“ и побудува етос на „себетрансценденција“ како основа на човечкото достоинство.467 ‌Доминантноста на хетеронормативноста зависи од пробивноста и неминовноста на тој етос – многу повеќе отколку од задолжителната хетеросексуалност како сексуална практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што геј-културата денеска е поголемо табу од геј-сексот, така и токму културата на хетеросексуалноста – она што го нарекуваме хетеронормативност – е таа што сега ѝ ги дава најцврстите гаранции на општествената легитимност на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)