општествен (прид.) - критика (имн.)

Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што машката геј-култура истовремено ја прифаќа и иронично ја обратува абјектната општествена позиционираност на жените може да биде полезно за да се објаснат некои упорни недоразбирања меѓу геј-мажите и феминистките, како и да се објасни гласот што ја бие машката геј-култура дека е мизогина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски. ‌Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275 И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неудобно мелодраматичниот етос на машката геј-култура ја објаснува големата вредност што таа им ја придава на извештаченоста, на изведбеноста, на неавтентичноста, на кампскиот хумор и на расчараното (но не и разочарано) гледиште кон љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси никој освен Милер не направил општествена критика на машкиот геј-културен објект и не се заинтересирал за исчитување на масовната култура од гледиште на машкиот геј-субјект кој е нејзин потрошувач.148 И ретко кој од квир-теоретичарите се обидел да изведе приказ на машкиот геј-субјективитет преку индуктивна студија на историјата на машките геј-културни присвојувања наместо врз нив дедуктивно да ја применува психоаналитичката теорија или некоја друга теориска догма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Современото геј-отфрлање на современата геј-култура и сегашната популарност на згодно настранетите нешта што се присвојуваат од главнотековната, хетеросексуална култура, не можат да се сведат на прост симптом на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, тој е општествена критика на дело бидејќи им се подбива на наводно зрелите примерни социјализации – на двојката, на правењето деца – и презазема една еволуциска фаза која одамна требало да ја отфрлиме, заедно со сексуалната неопределеност“.200 (Токму од слични причини Д. А. Милер уживањето во бродвејски мјузикли, дури и од страна на возрасни, го нарече „детска работа“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кероновиот опис на кампот како „општествена критика на дело“ е прецизен и одмерен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јавната употреба на умот во актот на bide, zna~i, izrod, Bastard. бескомпромисната општествена критика - тоа е значи неговото родно место.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Комуникативната акција, смета Хабермас, „овозможува зачувување на модерните вредности на општествена рационалност, консензус, еманципација и солидарност, на тој начин поставувајќи ги основите како за општествена критика така и за реконструкција на општеството“.103
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)