општествен (прид.) - експеримент (имн.)

Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нужна беше психичка деколонизација: геј-мажите требаше да ги распознаат и да ги отфрлат туѓите, несоодветни претстави што околната култура на хетеросексуалноста им ги всадила во умовите. ‌Многумина геј-мажи ја отфрлаа радикалната идеологија на машкиот геј-живот, да нема збор, а многумина формираа свои подгрупи во рамките на геј-заедниците според своите сексуални вкусови, родови стилови, идентификации со конкретна општествена класа, политички симпатии, морал, вредности, интереси и навики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443 Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)