- Кога го фативме, кога научи бугарски, - рече и при сеќавањето на анегдотата одекна општа смеа во орманот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Општа смеа и во неа се слушна гласна закана: - Ако ти ја пернам една преку очи, ќе ти кажам јас тебе лепешка!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Да не му доаѓа од зборот резил?... - општа смеа која помина во џагор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ова требаше да ги доразбуди со општа смеа, ама никој не му возврати.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тогаш настапуваше општа смеа во куќата на баба ми и дедо ми. И немаше крај на прашањата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знае да се гали, да лизне со целиот јазик, со што предизвикува општа смеа и, исплашен кога почнува да се пука, цимуоли, се втрчува во бункерот и легнува во ќошот покрај Лефтера.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)