општ (прид.) - претстава (имн.)

Па дури и кога стануваа незадоволни, што понекогаш се случуваше, нивното незадоволство не водеше никаде затоа што, онака без општи претстави, тие можеа да го сконцентрираат своето незадоволство само на минорни, поединечни неправди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)