Војната некако подмолно му се пикна во животот, без посебна најава – или пак и тој, како и сиот обичен народ, не успеа да ја прочита таа најава во општиот наплив на вистини маскирани како лаги, лаги презентирани како вистини и на полувистини украсени на еден или на друг начин за да наликуваат на лаги или на вистини, во зависност од дадените дневнополитички потреби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)