Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мора да го гледате спотот (го има на Јутјуб и на ди-ви-дито од Соник јут, „Корпоративен дух“ (Corporate Ghost): спотови, 1990 – 2002) од 2004 година).407 Во контекстот на печатена книга, најмногу што можам да сторам за да го доловам општиот вкус на спотот е ако ставам неколку стоп-кадри од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406
Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еден коментатор под спотот на интернет, обожавател на Соник јут, се обидува да долови „што се обидуваат да пренесат СЈ“ велејќи: „Понекогаш си мислам дека ги канализираат внатрешните превирања и внатрешната болка на г-а Крафорд“.408
Тоа можеби важи за пеењето на Мур, односно за неговите врисоци, макар што првобитниот наслов на нумерата, „Пушење“, упатува на нешто понесентиментален и на посатиричен однос.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)