Останатите шест девојки користеа пиш-пауза во густежот високи треви крај мотелот, се довикуваа и се смееја со гласови кои се мешаа со крекањето на жабите од блиската бара, чекајќи го знакот на Авни за враќање во комбето, додека тој, потпрен на задното седиште, со широко раширени раце и нозе, опуштен во рамениците и лицето, со сласт што му кружеше на површината од стомакот како облак пеперуги, ја полнеше устата на Дора, која малку потоа му се заблагодари со развлечено Мерси, забришувајќи си ја муцката со ракавот на вентијагата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Едно лето, опуштен во меката фотелја на апартманот 15 во луксузниот хотел „Сплендид“, реши да почне со пишување на елоквентни статии за левичарските студентски весници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Сега ја имам в скут,“ шепотеше искуството на Шефот кој таа ноќ задоволно ги триеше рацете, опуштен во масивната кожена фотелја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)