За разлика од неа, оптимистичките нумери како „Ние сме семејство“ (We Are Family) од Систер Слеџ, „Жива сила не нѐ запира сега“ (Ain’t No Stoppin’ Us Now) од Мекфејден и Вајтхед и „Разгори ме пак“ (Relight My Fire) од Ден Хартман, кои повикуваа на правичност со љубов, еднаквост и заедништво, но без да упатуваат на ниедна конкретна група, беа опасно популарни во геј-дискотеките.132
    Историјата обожава да се повторува – особено, духовито вели Макс, како фарса.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)