Техника во служба на говорот: тука не се повикуваме на некоја општа суштина на техниката која веќе би ни била позната и би ни помогнала да го разбереме, како пример, тесниот и историски определен поим на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според тоа, сѐ се одвива како она што се нарекува говор да може, во своето потекло и цел, да биде единствено еден момент, суштински, но детерминиран модус, еден феномен, еден аспект, еден вид на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Содржина на знакот на писмото претставува сето она што го изразува таквиот симбол на писмото, без оглед дали станува збор за определен поим, идеја, број, збор или единечен звук.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Израз на знакот на писмото е физичката супстанција со чија помош се реализира визуелната репрезентација на знакот, без оглед дали станува збор за цртеж, геометриски знак или сложена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)