Како што нагласив, преобраќањето на христијанското население во исламот, особено во доменот на регрутирањето на новите јаничари, ќе биде основа на најголемата дијаболизација, виктимизација, и на Османската Империја, во балканските историографии, но често и под влијание на европските?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко и Камилски, покрај обврските што си ги презедоа да ги состават конечните листите на (без)опасните ориентализми во балканските јазици, не престануваа да се сопнуваат, и едниот и другиот, на зборови кои заслужуваа посебен третман не само поради долгата задржаност во балканските, но и во некои европски јазици, туку и поради нивната моќ да не бидат заменети од новите современи поими.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Татко, чиј ред беше да ги претстави најтипичните заемки од областа на историјата, администрацијата, оружјето и воените звања, географијата, временските појави и другото на коешто ќе наидеше, додека според договорот, Камилски требаше да ги издвои и најкарактеристичните заемки со најдолговечна и најширока употреба на Балканот и во неговите граници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зар тоа ќе го сториме со душманлакот и неговите синоними, како насилната промена на Бога, јаничарството, или досега сите наведени опасни ориентализми? праша резигнирано Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)