Голем број од нив сметаат дека нивната работа е да лекуваат болни луѓе, така што не би биле спремни да препишуваат потенцијално опасни дроги дури ни на пациенти кои го сакаат тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури ни систем што секому би овозможил да користи дрога, но само на клиника, не би ја елиминирал побарувачката за дрога од црниот пазар. Конечно, таквиот систем претерано би ги оптеретил лекарите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Постои цела низа начини како би можел да се организира легалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На младината денес многу повеќе ⥊ е достапен цел куп зависнички и опасни дроги отколку на нивните родители, што биле во шеесеттите години пионери на тоа подрачје.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Наведуваме шест главни можности: Легализација на помалку опасните дроги. - Откажување од кривичното гонење наместо потполна легализација. - Издавање дрога на лекарска рецепта. - Продавање дрога во државните продавници, како што во некои земји се продава алкохол. -Продавање дрога во приватни продавници, со извесни ограничувања како што се забраните за продажба на малолетници и продажбата со помош на автомати. - Дозвола за продажба без какво и да е ограничување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)