омилен (прид.) - музика (имн.)

Во тој простор ја слушаш омилената музика и правиш работи што се прават само кога си сам. Кога си сам помалку се нервираш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И не му велам дека е кич, зошто така да му речам кога не сум сигурна дали е или не е?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За право да зборуваме, и мене неговата омилена музика не ми е баш многу по волја, ама кога сум со него, не ми пречи да ја слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)