На 18 април 1941 на бугарскиот Генералштаб му било одобрено бугарската војска да влезе во Македонија, но да ја окупира само територијата источно од р. Вардар и да не ја поминат линијата: Пирот-Врање-Скопје-течението на р. Вардар до грчката граница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За тоа бугарскиот амбасадор во Германија Дрангов, ќе соопшти дека “по наредба на Хитлер, Рибентроп ме задолжи да ја соопшти желбата на фирерот, со три дивизии да се влезе во српска Македонија како окупаторски војски и да ја преземеме администрацијата, за да се ослободат германските единици од таа грижа, а да бидат употребени за дејство.”
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)