Јас сум член на окружниот комитет и секретар на партијата на жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По германскиот напад на СССР на 22 јуни 1941 година, Окружниот комитет на Бугарската работничка партија (БРП) за делот на Македонија под Бугарија на 27 јуни 1941 донел одлука за отпочнување на подготовки за оружена борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По таа одлука, при крајот на јуни и почетокот на јули 1941, била формирана првата партизанска чета во Разлошко, под раководството на Никола Парапунов.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гуле му рече дека бил во Битола, го нашле луѓе од окружниот комитет, кои слушнале што прави он по Мариово и во писмото го советуваат да не го диви народот, ами да гледа да се смири и да работи како што работеше во востанието, да ги прибира и бодри луѓето оти пак ќе ни требаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа секако им било јасно и на Гарванов и на Анастас Лозанчев, претседател на Битолскиот окружен комитет, и на другите фактори.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)