околен (прид.) - улица (имн.)

Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кафеаната е целата застаклена и од неа има убав поглед на плоштадот и околните улици.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)