околен (прид.) - планина (имн.)

Посејднон го грабнал детето и ја напуштил својата избраница, но тоа ги налутило гигантските околни планини кои, со страшна сила, фрлиле по него една огромна карпа, која паднала на бреговите на Марица и се распарчила.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога стигнавме горе, забележав дека сите околни планини и ридишта лежат под снег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жешко е... Котлината дреме во обрачот на околните планини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Околните планини крваво отсјајуваа. И Кајмакчалан се ежеше крвав во далечината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој рече дека тука е границата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)