149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Законот за трговските друштва усвоен во 2004 година донесе одредени промени кои можат да се сметаат за минимални подобрувања на правата на вработените во споредба со Законот од 2002 година, но кои сепак значат значително намалување на нивните права во однос на Законот од 1996 година, кој фактички беше на сила до тој момент.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ваквата измена повторно се нормира и законски се прави достапно вработувањето без јавно огласување (укинато со ЗИДЗРО/авг.08), малициозна практика која ја намалува транспарентноста и достапноста на отворените работни места, која со својата нова законска формулација чекори на работ на неуставноста (чл. 2 од ЗИДЗРО/фев.13) ;19 б) Одредени промени настанаа кај објавувањето на огласот за обезбедување на потреба од работник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)