Но, не се работи тука само за проблемот како да се најдат вистинската категорија и вистинскиот речник за артикулирање на нашите перцепции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во повеќето случаи, немаме соодветни концепти и соодветен јазик за задачата да се опишат сексуалните и обродените значења што таквите предмети ги кодираат, што значи дека не можеме сосема да ги објасниме, на последователен и логичен начин, сопствените непосредни, честопати ревносни реакции кон одредени предмети врз основа на нивната сексуална и родова кодираност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нашите домови можат да се сметаат за мешавина на само-организирани и планирани компоненти: одредени предмети ќе заземат простор и ќе ја исполнат функцијата што ние намерно сме им ја доделиле, додека други ќе бидат наместени онаму каде што добро се вклопуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Зошто не можеме?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, бидејќи таквите артефакти се, транспарентно, очигледно, неспорно кодирани за род и за сексуалност – и бидејќи нивните сексуални и обродени значења ни се доволно јасни што не ни е тешко да се однесуваме сходно на нивното препознавање, да си ги искажеме внатрешните реакции, привлечноста или одбивноста – уште почудно е што ни е толку тешко конкретно да ги наведеме тие значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но аспектот на ова негово дело кој ќе изврши најголемо влијание врз уметниците на поп-генерацијата е прикачувањето на одредени предмети на површината на сликата: клинот остава впечаток како на него навистина да се закачени делови од облека, трите вистински безопасни игли се чини како да ја закрпуваат илузорната пукнатина на средината на композицијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
“Tu m” останува едно од визуелно најатрактивните дела од опусот на Дишан, дело чија драматска композиција и залажливиот илузионизам прават од него пригодна завршница на делот од кариерата на Дишан во кој тој се бави со сликарство, зашто по ова дело тој реши никогаш повеќе да не слика.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)