одреден (прид.) - настан (имн.)

Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А настаните земале тек којшто не одел во прилог на британските „животни“ интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа експертите барале да се формира британско дипломатско претставништво, преку кое би можеле да добиваат информации од обучени дипломати за да може навремено да се реагира за одредени настани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)