Исткаен (главно) од сеќавањата и од копнежот, од имагинарното и од неискажливото (од тишина, огромни количества кондензирана и знаковита тишина!), фамозниот љубовен dis-cursus како целосно да се идентификува со решавањето на квадратурата на кругот: најтаинствените работи мора да ги дефинира со изабени/истрошени зборовни формули.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во онаа прва книга од Твојата балканска сага зборувам за Татковите книги, се разбира! нејзините вистински протагонисти, Твоите родители, одвај и да разменуваат некакви зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бидејќи со љубовта и тоа со нејзините најразлични видови и појави! сите имаме одредени искуства, како и одредени знаења за неа, лесно ќе се согласиме со Барт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)