Татјана никогаш не се трудеше доволно за да биде одличен ученик.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Засрами се! - ми свика. - Ти си ми некој одличен ученик! Ти си ми некој капитен на тим!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одличните ученици ќе подготвеа рецитал, по некое цвеќенце за бистата на паднатите Герои, пардон Херои.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Бино потврди дека Крсте е одличен ученик и штета ќе биде да го напушти училиштето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имено, Балабанов како одличен ученик, добил степендија школувањето да го продолжи на Високата школа за класични јазици во Виена.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој е пример за тоа дека и без завршен факултет може одлично да се живее, иако баба ми Санда често со жалење раскажува дека „Ванче нејзин“ бил одличен ученик и дека уште малку испити му останале до факултетската диплома, ама, се фатил со лошо друштво и сѐ баталил.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Патериците по малиот камбек кога ја вадеше шипката станаа минато.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)