одделен (прид.) - етнографски (прид.)

Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи” Составувала ли, составува ли и може ли Македонија да составува од себе одделна етнографска, и политичка единица?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови, ние се запознавме досега со тоа дека составувала, составува и може Македонија да составува од себе одделна етнографска единица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)