одделен (прид.) - збор (имн.)

Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Притоа, треба да се рече дека Ал Недим бил добро запознаен со неколку системи на писмо и течно говорел неколку јазици, така што секако би го препознал писмото, ако истото му било познато.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, тоа не е случај. 98 okno.mk На ваквите сведоштва се надовр­зу­ваат бројни словенски зборови, забе­лежани во грчки текстови и со грчко писмо во ареалот на јужните Словени, како и одделни зборови и реченици за­бележани со латинско писмо во ареа­лот на западните Словени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За своите појавувања секогаш избира место на прилична раздалеченост па нашите разговори наликуваат на довикувања од рид на рид во кои по правило одделни зборови се губат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)