огромен (прид.) - црн (прид.)

Пред портата на горбиштата еден огромен црн ѓавол со рогови му се здава на Галилео и му бара влезница за гробиштата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Макар жив потсетник на ренесансата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Самиот почеток на текстот висеше над една огромна црна бездна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Замаглено гледа на развиканата и расплакана бегалска толпа што како огромно црно платно налегна и ја покри целата ширина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Среде одајата, непознатиот нејзин градител, или пак, оној кој го донесол записот, на подот изобразил слика на огромен црн пајак, поставен точно во средина на пајажестата мрежа; среде пак грбог на пајакот имало едно бело крвче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)