огромен (прид.) - толпа (имн.)

За миг затвораме очи и под клепките ја гледаме таа огромна толпа од жени и старци застанати на оваа угорнинка и со молк сподавен во липање не испраќаат... а во ушите ни одекнуваат нивните молитви и во молк го слушаме нивното сподавено плачење и липање...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш тој луѓето, граѓаните на целиот свет, ги виде како огромна толпа што безглаво јури кон својот неврат...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)