Овој споменик, кој се шири на огромно пространство, со сета своја впечатливост на мевзолејот, издигнат на една височинка, преку многубројните релјефи, преку фигурата која ја изобразува советска мајка, евоцира сфаќања за големата битка за Берлин, каде што ѝ е зададен конечнот и смртоносен удар на Хитлерова Германија...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во огромното пространство, на кое беше расположена Зоолошката градина, не беше тешко да се снајде.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На едно огромно пространство, во една од најцентралните букурештански улици - „Виа Викторија“ - позната по многу историски настани, се издигнува Домот на партијата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа не ме зачуди што на сите страни, на едно огромно пространство, се поставени објекти, невообичаени по својата форма, кои се извишуваат високо со своите куполи, инајпосле, погледот се запира на највисоката - сончевата кула.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овие бањи, на едно огромно пространство, во продолжение на постојниот комплекс, е изграден нов, дело на југословенскиот комплекс, при што „бетноците“ од Скопје имаат огромно учество.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На дното од огромното пространство стои една кула, средновековна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овој плоштад се шири на огромно пространство, на повеќе стотици квадратни километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред тебе е огромно пространство, океан од надежи, чудесни можности на безгрешно постоење, aстропроекција на мислите и чувствата за да ја пронајдеш загубената душа во макрокосмосот, талкање по непознатото, по незнајното, по најтајното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мирисот на морето, а некаде зад него навестувањето на огромното пространство на Атланскиот Океан додека група бучни Американци се истоварува од големите бродови...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас пак ја гледав Големата вода, го слушав нејзиниот глас, летав над нејзиното огромно пространство.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нивното огромно пространство влева страв.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Според таа поделба, типични природни граници се мориња, пустини, планини, реки и шуми.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)