огромен (прид.) - број (имн.)

Мајка ти и тетка ти береа шумски јагоди крај реката, што во јули ги има во огромен број, а јас ја разгледував околината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овој закон, иако е релативно краток, има претрпено сразмерно огромен број на промени, од кои повеќето ги намалуваат правата на инвалидните лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Татко, погодувајќи ја мислата и на Камилски, предложи со оглед на огромниот број османскотурски заемки во повеќе области, да ги изберат најкарактеристичните, односно најблиските со фреквенција дури во денешното време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претстоеше нова дебата која беше решавачка за натамошната работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
6 На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од најраното детство имав можност од устата на татко ми кој во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви кажувања за „животиштето“.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вековниот грчки карактер на брегот и успехот на Грција со помош на Друштвото на народите во населувањето Грци од Мала Азија во областа ѝ даваат на Грција неспорно силни права за нејзиниот дел од Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По 1919 г. карактерот на населението се промени со преместување на муслиманите кои зборуваат турски и најголем дел на Бугари и со прилив на огромен број грчки бегалци, грчка Македонија во 1938 доминантно беше населена со Грци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонија може со ваков потез да реши огромен број од своите проблеми, како во сферата на индивидуалните слободи, космополитизацијата на масите, амортизирањето на пазарот од тешките дроги и криминалитетот, како и разните болести кои одат со нив (Сида, хепатитис, овердоуз, наркоманија) така и во сферите на економијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)