овчи (прид.) - маст (имн.)

Овча маст, овча маст ти ни даде голем раст затоа моето наше veni vidi vici беше.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вреќи жито, грутки шеќер, сусам, слануток, ориз за пиљав и сутлијаш, ќупови масло и маслинки, суви плодови во кошови, сливи, урми, смокви, а потаму и грниња мед, лој и овча маст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првин докуцка низ Одун-пазар, па низ Туз-пазар, и колку што ќејф му направи што овие пазаришта си имаа одделни делови за разна стока, толку и некоја с'калма го фати: крупните ајвани од ајван-пазар, иако големи, му изгледаа осамени така одделени од ситнежот во којин-пазар; сушените риби пак од балук-пазар уште поосамени што не можат да се наредат како украс крај маќениците, урдата, сирењата и топките овча маст на чомлек-пазар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа година пеевме на мелодијата „Let it be“: „Старите Римјани си ставиле прст да повраќаат јаделе со сласт и овча маст.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со стомаци надуени и безброј тешки падобранци јаделе со сласт и овча маст.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)