Објавени книги во засебни изданија Збирки раскази
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
1. Бојана, “Кочо Рацин“, Скопје, 1953 год.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
7 ТЕМА раниот Томас Пинчон Иако расказаот “Small Rain” веројатно е најлошиот во збирката рани раскази “Slow Learner” (која неодамна - со исклучок токму на расказов кој сега го пренесуваме - се појави, на македонски, во издание на Темплум), вреди внимателно да се прочита, од неколку причини; прво, станува збор за Томас Пинчон, можеби најхерметичниот но секако највлијателниот американски писател во вторава половина на веков, авторот на романот “Gravity’s Rainbow”, еден од најтолкуваните романи по Џојсовиот “Улис”; второ (кое сигурно треба да биде прво), и покрај сите недостатоци (кои Пинчон самиот, во уводникот за книгата објавена 1984., безмилосно ги лови), се работи за исклучителна проза, проткаена со суптилни лирски пасажи и просто натопена во онаа веќе славна “пинчоновска атмосфера”, која тој, сликарски, со пар цртички, едновремено минуциозно и ноншалантно, ја создава; трето, длабочините и ранливоста на моментно најмоќната културна империја, американската, најдобро може да се разбере токму од онаа критична (критична и во двата смисла - и како “критичарска”, опсерваторска, и како нестабилна, несигурна за оној што набљудува) страна каде што стои Пинчон (вршејќи големо влијание врз онаа “лева”, нешовинистичка Америка); и четврто, не само затоа што е веројатно најголемиот американски писател во поново време (со само пет објавени книги за 35 години творештво!), туку (дури!) и поради едноставни трендовски причини (враќање кон шеесетите, grunge-движењето, види го последниот текст во “Маргина”!), Пинчон се наоѓа токму овде, токму сега и токму со овој избор... 8 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Секој од нас зад себе ги имаше своето минато и својата претходна работа: тој во психијатријата, политиката, филозофијата, веќе богати со концепти, а јас со објавените книги - Differrence et repetition i Logique du sens.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Впрочем, подобро се заработуваше од професијата шофер, отколку што тој успеа да заработи со трите објавени книги и магистратурата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во негов избор и препев се објавени книгите „Се роди човек“ од Р.Рождественски, „Оловното војниче на мојот син“ од Б.Окуџава, „Огледала“ од Е.Винокуров и други.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Нам ни преостанува само просторот на француското јазично подрачје, да се претставиме со нашите различни светови, со нашите разлики, но се разбира да бидат прифатливи и стилски култивирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Планот за мојата сага по напишаните Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Балканскиот клуч и преведени на француски јазик, ги опфаќаше и веќе објавената книга на македонски јазик Патот на јагулите, па другите кои беа во тек на пишување романите Тврдина од пепел, Ервехе книга за една мајка, па Љубовта на Генералот, Мајчин јазик и Времето на јаничарите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се помирив со веста, но никогаш не ги разбрав причините за вистинското прекинување на објавувањето на другите дела, по несомнениот успех кај критиката и читателите на објавените книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но со поширока поддршка од страна на издавачот книгите можеа лесно да бидат продавани во поголеми тиражи, по одличните критики во француските национални медиуми...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со особена почит
Луан Старова
XXII
Доживував чудесна поттикнувачка солидарност со моите француски читатели на трите први објавени книги во Париз од мојата балканска сага, благотворна поддршка, која дотогаш и ми беше непозната и покрај фактот што веќе имав објавено дваесетина книги во земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можеби и затоа книгите имаа успех во Франција, достигнуваа можна комуникативна полнота...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
1980. Ја добива значајната Сервантесова награда во Шпанија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во февруари е објавена книгата Комплетни дела во соработка која ги содржи сите дела напишани со други автори.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1981. Многубројни награди и почести во Италија, Порторико, Мексико,почесен докторат на Харвард.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нова книга поезија: шифра.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)